Преседан во човековата историја – Кинезите почнаа со тестирање на проектот за бодување на жителите!

- Advertisement -

Замислете иднина во која се што правите се наоѓа под надзор на државата и ве оценуваат преку систем во кој има зададени параметри. Така собраните бодови би го одредувале вашиот статус во општеството, на пример, дали сте добар или лош граѓанин, какви тенеденции имате, каков животен стил имате итн.

Звучи како на филм? Во Кина тоа станува стварност затоа што државата планира до 2020 година да го имплементираат системот со кој би ги оценувале сите 1,4 милијарди жители. Тој систем Кинезите го нарекуваат „Табела на социјални бодови“ (Social Credit Score), а нивните жители ќе ги оценуваат по критериуми од типот на со кого одржуваат контакти, богатството, дали ги почитуваат законите и прописите и слично. Всушност, ќе се оценува се – од социјалниот живот до потрошувачките навики на поединците, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Некои од најголемите кинески технолошки компании веќе почнаа со тестирање на програмата, а корисниците преку апликација можат да следат колку бодови имаат. Досега системот наиде на поделени мислeња во јавноста. Додека, од една страна, кинеската влада истакнува дека системот ќе ја наградува искреноста и довербата, лошите бодовни резултати ќе резултираат со помалку можности за вработување и напредок во општеството.

Критичарите на системот предвидуваат мрачен исход на целата приказна затоа што сметаат дека кинеската влада на тој начин ќе ги надгледува сите активности на сопствените граѓани. Накратко, тоа би значело во буквална смисла крај на приватноста. Некои американски функционери се меѓу тие критичари и предупредуваат дека со оваа програма Кина ќе се претвори во полициска држава.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -