Директорот на Instagram, милијардерот Кевин Систром, знае како да ја победите мрзата

- Advertisement -

Следниот пат кога ќе ве мрзи да направите нешто пробајте ја оваа метода. Сигурно знаете некој или самите сте се нашле во ситуација кога сте прелистувале стотина фотографии на Instagram наместо да правите нешто корисно. Има лек и за тоа. Интересно е дека советот против мрзеливоста доаѓа токму од директорот на социјалната мрежа која често не спречува да бидеме продуктивни и вредни.

Кевин Систром е директор и соосновач на Instagram. Тој вели дека неговиот најбитен час кој го има само за себе е наутро. Тогаш вежба цели 60 минути. Систром вели дека се буди секое утри и почнува да вози велосипед. Еден ден, како што вели, планира да ги совлада и најтешките тури по Франција.

- Advertisement -

Тој не е единствениот кој вежба наутро за да биде попродуктивен. Оваа навика ја имаат и директорот на Apple, Тим Кук, основачот на Twitter, Џек Дорси, како и основачот на Virgin Group, Ричард Бренсон. Како се придржуваат до оваа рутина секое утро, дури и кога по цел ден се претрупани со обврски? Со помош на правилото на 5 минути.

Систром има правило со помош на кое се ослободува од одолговлекувањето и мрзеливоста. „Ако нешто не знаете, а би требало да знаете, направете договор со себеси да го правите тоа барем пет минути. По пет минути ќе заборавите дека сте си дале рок и ќе го завршите“, советува Систром.

- Advertisement -

И тоа е точно. Сетете се колку пати сте слушнале дека најдобар начин да завршите нешто е да го почнете. Воедно, тоа е најтешкиот дел – најголема борба е да се мотивирате себеси на почеток. Но, кога ќе си речете дека ќе го правите само пет минути многу е полесно да ги направите првите чекори.

Сподели!
- Advertisement -