Интернетот ќе се подели на два дела до 2028 година, прогнозира поранешниот директор на Google, Ерик Шмит

- Advertisement -

Интернетот ќе се подели на два различни света во текот на наредната декада, а според поранешниот извршен директор на Google, Кина ќе го предводи едниот дел. Шеесет и тригодишниот мултимилијардер вели дека цензурата и контролата на кинеската влада врз интернет-пристапот на жителите не се компатибилни со демократскиот Интернет на Западот.

Тоа значи дека до 2028 година ќе има две различни верзии на глобалната мрежа – со едната ќе управува Кина, а со другата САД, пишува Daily MailПроцесот веќе се случува со таканаречениот Great Firewall of China, кој ги блокира кинеските граѓани да пристапуваат до неколку од најпопуларните веб-страници во светот, меѓу кои и Facebook и YouTube. Наместо тоа, кинеските граѓани го користат Baidu за да ги користат услугите кои им се забранети.

- Advertisement -

Шмит, со богатство проценето на 14 милијарди долари, ги даде овие прогнози за време на своето обраќање на приватна конференција за технологија во Сан Франциско. Тој истакна дека Интернетот ќе има два различни гласа, наместо да има масовна фрагментација.

„Мислам дека најверојатното сценарио сега не е фрагментирање, туку разделување на кинески и американски Интернет. Доколку ја погледнете Кина, ќе видите феноменално голем број на големи компании, неверојатни услуги, огромно богатство. Кинескиот Интернет носи голем процент од кинескиот БДП, кој е многу поголем од американскиот“ вели Шмит.

- Advertisement -

Шмит додаде дека очекува да види експоненцијален раст на услугите и стоките кои се нудат на Интернет во Кина.

Сподели!
- Advertisement -