МЕПСО вложува 4,6 милиони евра во трафостаницата „Дуброво“

- Advertisement -

МЕПСО започна со модернизација на трансформаторската станица „Дуброво“ при што ќе биде заменета со нова опрема што е во функција од 1977 година до сега. По тој повод во работна посета на „Дуброво“ денеска беа: министерот Горан Сугарески (највисок претставник на Министерството за транспорт и врски – новиот акционер во МЕПСО), Сашо Василевски , генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Сашо Стефановски и Борко Алексоски, членови на Управниот одбор на МЕПСО.

Овој комплексен проект опфаќа замена на примарна опрема (прекинувачи, разделници, струјни и напонски мерни трансформатори) како и ревитализација на секундарната опрема на 400 kV и на 110 kV напонско ниво која вклучува: испорака и инсталација на системи за релејна заштита, далечински надзор и за управување како и системи за AC/DC развод и нов систем за мерење електрична енергија.

- Advertisement -

Министерот Сугарески истакна дека овој комплексен проект означувапочеток на голем инвестициски циклус во електроенергетскиот сектор во вредност од преку 70 милиони евра.
– Со сите овие планирани инвестиции ќе овозможиме стабилен енергетски сектор во Република Македонија. Европската банка за обнова и развој и понатаму останува значаен партнер на Република Македонија, поддржувајќи нè во инвестициите за изградба и реконструкција на електропреносната мрежа, со кредитна рамка која надминува 30 милиони евра, истакна министерот Сугаревски.

-За оваа постројка електроинженерите велат дека е срцето на македонскиот електропреносен систем и тоа само за себе кажува какво е нејзиното значење. Нашата цел е да замениме со нова опрема што е во функција веќе 40 години. Дополнително и многу важно е тоа што овој проект ангажира и домашни ресурси и значаен дел од инвестицијата ќе влезе и во македонската економија преку ангажманите на фирми подизведувачи, снабдувачи и ангажманите на стручни лица од различни профили, потенцираше Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО во работната посета на трафостаницата „Дуброво“.

- Advertisement -

За реализација на овој проект на меѓународен тендер лани за најповолен понудувач е избран конзорциумот: „Сименс“ Република Србија и „Сискон“, Република Македонија. Вредноста на договорот е 4,6 милиони евра, а се финансира од сопствени средства на МЕПСО, од кредит од Европската банка за обнова и развој и од грант од Европската комисија. Ревитализацијата на ТС „Дуброво“ планирано е да трае три години. Реализацијата на овој проект ќе обезбеди зголемена сигурност и доверливост во работењето со високонапонската опрема, мониторинг во реално време, навремено детектирање и превенција на дефекти и оптимализација во управувањето со електропреносниот систем.

Трансформаторската станица „Дуброво“ од системски аспект е еден од најважните енергетски јазли во македонскиот електропреносен систем затоа што го поврзува најголемиот производствен капацитет РЕК „Битола“ со најголемиот конзумен регион Скопје. Во оваа трансформаторска станица се вмрежуваат и интерконективните 400 киловолтни далекуводи кои нашиот систем го поврзуваат со електропреносните системи на Република Бугарија и на Република Грција.

- Advertisement -

Новиот среднорочен инвестициски циклус во преносната мрежа, кој е вреден над 70 милиони евра и вклучува: далекувод што ќе ги поврзе електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија, изградба на нова 400/110 киловолтна трагостаница во близина на Охрид, реконструкција на четири трафостаници од преносната мрежа, набавка на системи за релејна заштита за уште четири други трафостаници и проекти за изградба на шест нови 110 киловолтни далекуводи во преносната мрежа

Сподели!
- Advertisement -