Основачите на Instagram ја напуштаат компанијата

- Advertisement -

Соосновачите на Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, денес дадоа оставка од компанијата за споделување фотографии, пренесува The Verge. Веста најпрвин ја објави New York Times, а потоа со објава на својот блог ја потврди Систром. „Планираме некое време да се посветиме на истражување на нашата њубопитност и на креативноста. Градењето нови нешта значи  да застанеш, да сфатиш што те инспирира и тоа да го споредиш со потеебите што постојат. Тоа е она што планираме да го направиме“ напиша Систром.

Компанијата многупати ја проценуваа на 1 милијарда долари и токму толку плати Цукерберг за да ја купи. Сега истата има повеќе од 1 милијарда корисници од целиот свет и е дефинитивно најуспешната аквизиција на Facebook. Растот од 2012 година наваму во најголем дел се должи на визијата на Систром и Кригер, на стратешкото искористување на ресурсите од Facebook и на волјата агресивно да се натпреваруваат со Snapchat.

- Advertisement -

„Мајк и јас сме благодарни за изминатите осум години поминати во Instagram и шесте години во тимот на Facebook. Од само 13 луѓе пораснавме на повеќе од илјада, со канцеларии во целиот свет, а сето тоа го псотигнавме градејќи производи кои ги користат и ги сакаат повеќе од милијарда луѓе во светот“ додаде Систром.

„Кевин и Мајк се неверојатни продукт лидери и Instagram е одраз на нивните креативни таленти. Изминативе шест години научив многу работејќи со нив. Им посакувам се најдобро и со нетрпение очекувам да видам што ќе направат наредно“ изјави Цукерберг.

- Advertisement -

Заминувањето на Систром и на Кригер од компанијата може негативно да се одрази на способноста на социјалната мрежа да ја контролира кризата со мешањето во изборните резултати, лажните вести и перцепцијата на јавноста за Facebook дека повеќе не е здрава за општеството и за демократијата.

Сподели!
- Advertisement -