Linkedin анализираше 3.000 огласи за работа и направи водич како да се вработите во успешен стартап

- Advertisement -

Во обид да се откријат тајните за вработување во една од најдобрите стартап компании, LinkedIn проучуваше повеќе од 3.000 огласи за работа. Преку своето истражување со помош на добиените податоци открија стратегија како да се дојде до работно место во најпожелните стартапи.

Научете да го пишувате јазикот на иднината
Најголем дел од достапните работни места, околу 1/3, се базираат на инженерство. Ако знаете да програмирате или да градите, имате поголеми шанси да најдете работа во некој стартап. Иако секоја компанија има уникатен пристап, најчестите јазици кои се учат се JavaScript/Java, Python, C++/C#, HTML, SQL и Perl. Според LinkedIn, најпопуларна и најдобро платена работа е софтверски инженер.

- Advertisement -

Размислете за преселување
Иако постојат безброј стартапи во светот, сепак, во некои места има поголеми шанси за работа и за напредок. На пример, американските градови со најголема понуда за работа во стартап компании се Сан Франциско, Њујорк, Сиетл и Остин.

Бидете интелектуално љубопитни
Креативноста е основа за стартап културата. Не само што размислувањето надвор од границите е стартап вештина, туку е дел од креирањето работни места. Постојат многу единствени работни места за кои можете да се пријавите и во нив да ја пронајдете својата страст.

- Advertisement -

Не знаете да програмирате? Разгледајте други опции
Освен инженерство, најголем дел од работните места се во оперативните дејности. Тиа, главно, подразбираат работа со купувачи, како што се службите за грижа за корисници и слично. Тоа секако има логика. Имено, ако постои голем број инженери потребни за развој на производи и решенија, сигурно е потребно да има и експерти кои ќе ги продаваат тие производи.

За да не пропуштите некоја добра понуда за работа, потребно е постојано да гис ледите вашите омилени стартапи оналјн и нивните веб-страници, а посебно категоријата нудиме работа. Според тоа, ако се обидувате да се пробиете во светот на стартапите, разгледајте ги овие четири стратегии и поедноставно дојдете до саканата работа.

Сподели!
- Advertisement -