Децата смеат да гледаат во екран помалку од два часа дневно!

- Advertisement -

Децата на возраст од 8 до 11 години кои поминуваат помалку од два часа на ден гледајќи во екран од телефон или компутер постигнуваат подобри резултати на тестовите за ментални способности, по услов да спијат од девет до 11 часа, покажува едно најново истражување.

Научниците кои го спровеле истражувањето велат дека се потребни дополнителни истражувања за подобро разбирање на ефектите на различните типови екрани. Тие признаваат дека нивната студија ја анализира само врската меѓу времето поминато пред екран и конгитивните способности, но не може да се докаже причинско-последичната врска.

- Advertisement -

Во текот на истражувањето не се анализирале различните типови екрани како што се телевисиките, на телефон или играето видеоигри и користењето на социјалните мрежи. Во истражувањето биле опфатени 4.500 деца во Америка, а резултатите се објавени во списанието „The Lancet Child & Adolescent Health journal”. Истражувањето се базира на прашалник со кој се проценувале физичката активост на детето, спиењето, начинот на кој го поминува слободното време итн., пренесува N1info.

Исто така, децата пишувале тестови со кои се мереле нивните јазични способности, памтењето, вниманието… Предвид се земени и приходите во домаќинствата, степенот а образование на родителите, етничката припадност, пубертетот, индексот на телесна маса и трауматски повреди на мозокот.

- Advertisement -

Детето кое секој ден поминува помалку од два часа од слободното време пред екран, спие од девет до 11 часа и е физички активно барем еден час дневно постигнува подобри резултати од децата кои не ги исполнуваат тие услови.

Џереми Волш од Институтот CHEO во Отава, Канада, истакна дека врз основа на добиените резултати, педијатрите, родителите, негувателите и други експерти треба да го органичат времето кое децата го поминуваат пред екран и предност даваат на здравото спиење во текот на детството и адолесценцијата.  Потребни се дополнителни истражувања за да се установи врската меѓу времето поминато пред екран и когнитивната способност.

- Advertisement -

Постојат некои докази дека, на пример, видеоигрите и образвоните телевизиски програми би можеле да имаат позитивни ефекти на когнитивниот развој на децата. Наспрема тоа, има се повеќе докази дека користењето на мобилните телефони и социјалните мрежи може да му наштети на способноста за памтење на детето и на самоконтролата.

Сподели!
- Advertisement -