Volkswagen планира да стане поефикасен и да заштеди 2,6 милијарди евра

- Advertisement -

Германскиот автомобилски бренд Volkswagen има за цел да ја подобри ефикасноста во работата со можност за заштеда на вкупно 2,6 милијарди евра до 2025 година, изјавија од VW. Фабриките мора да станат побрзи, пофлексибилни и поефикасни, додаваат од компанијата.

Како што велат оттаму, производните процеси мора да станат поефикасни преку намалување на инвестираните средства во производство за секој автомобил. Исто така, во VW планираат да ги намалат инвестициите за 1,5 милијарди евра на тој начин што повторно ќе ги користат постојните машини и преку стандардизација на производството.

- Advertisement -

Извршниот директор на групацијата Volkswagen и на брендот VW, Херберт Дајс, годинава ги претстави плановите за зголемување на продуктивноста на глобално ниво за 30% до 2025 година. Во тој временски период Дајс планира да ги зголеми маржите од сегашните 5% на 6%.

Сподели!
- Advertisement -