Цукерберг назначи нов шеф на Instagram

- Advertisement -

Facebook вчера го објави името на новиот шеф на  Instagram, кој ќе го наследи местото на Кевин Систром и Мајк Кригер. Тоа е Адам Мосери, кој до пред извесно време беше шеф на одделот за производи во Intagram, а претходно беше одговорен за делот News Feed. Мосери веднаш ќе застане на чело на Instagram, потврди портпарол од компанијата.

„Возбудени сме што водството на компанијата го ставаме во рацете на нашиот лидер за производство, кој има силен бекграунд од дизајнирање и се фокусира на умешност и едноставност. Мосери исто така многу добро го разбира значењето на заедницата“, изјавија Систром и Кригер.

- Advertisement -

Систром и Кригер мнатата недела дадоа оставка од компанијата, повеќе од шест години откако Facebook го купи нивното првенче. Според некои наводи од минатата недела, нивното заминување е резултат на големото мешање на извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг во управувањето со апликацијата за споделување фотографии.

Новиот шеф, пак, Мосери доста напредувал во својот статус во социјалната мрежа по приклучувањето на компанијата во 2008 година како продукт дизајнер. Додека бил во Facebook, Мосери бил директор на одделот за мобилни апликации. „Почестен сум и возбуден поради можноста да го водам тимот на Instagram” изјави Мосери.

Сподели!
- Advertisement -