ВИДЕО: Ова е првиот автомобил во светот кој ќе ви помогне да ги согорите калориите

- Advertisement -

Досега имало повеќе обиди да се избришат границите меѓу велосипедите и автомобилите – од веломобили до чудни креации. FitCar PPV е многу повеќе автомобил отколку велосипед, но сепак ќе ве натера на физичка активност преку интересен систем од педали кои се врзуваат за воланот.

FitCar PPV е дело на саудискиот иноватор Насер Ал Шаваф. Автомобилот се базира на стандардниот модел на автoмобил Audi A4 Avant и се движи како сите коли. Но, наместо да има типичен погон, возилото е опремено со механизам со педали, пренесува New Atlas.

- Advertisement -

Како што возачот ги врти педалите, замаецот генерира електронски пулсирања кои го активираат генераторот и го придвижуваат автомобилот. Возачот може да го прилагоди отпорот на педалата и тежината на физичката активност на своите потреби и желби. Педалата за кочење, пак е заменета со копче.

FitCar PPV има три начини на возење за три различни сценарија. Drive Slow е за возење во сообраќаен метеж, Drive Fast е за на автопат и No Drive е за кога возачот ќе сака автомобилот да стои во место, а сепак да врти на педалите.

- Advertisement -

Како што вели иноваторот Ал Шаваф, идејата за автомобилот ја добил откако бил заглавен во метеж за време на неговото едночасовно патување до работа. „Тоа е нездрав начин да се трошат повеќе од два часа дневно. Затоа добив идеја да го направам FitCar PPV, кој како и секој автомобил безбедно ќе ве превезе од една до друга локација, со таа разлика што можете да вежбате додека возите“ вели Ал Шаваф.

Тој работи на комерцијализација на автомобилот заедно со холандската инженерска компанија BPO и веќе има готов втор прототип. Тие чекаат одобрение од релевантните органи на власта за да почнат да го користат автомобилот на патиштата во Европа и се надеваат дека еден ден технологијата ќе ја прифати и некоја автомобилска компанија.

Сподели!
- Advertisement -