Руски научници заедно со партнери од Европа развиваат хиперсоничен авион на течен водород, изјави генералниот директор на Централниот аеродинамичен институт (CAGI), Кирил Сипало. Развојот на авионот е во рамките на проектот „Експериментални летачки возила со голема брзина“(„High Speed Experimental Fly Vehicles“), пренесува Al Jazeera Balkans.
„Авионот од иднината не е само еден, тоа е серија авиони. Тоа се суперсонични, аљ во иднина и хиперсонични летала, вклучувајќи и ортибални авиони, кои ќе овозможат повеќекратно да се скрати времето на превоз на патници и стока до оддалечени локации“ изјави Сипало.
Авионот би требало да биде побезбеден и поудобен од постоечките. Во проектот, освен институтот CAGI, учествуваат и Централниот институт за авионски мотори, Институтот за аеронаутика „Громов“ и Московскиот физичко-технички институт. Странските производители во проектот се Европската вселенска агенција, Францускиот центар за аеровселенски истражувања (ONERA) и Италијанскиот центар за аеровселенски истражувања (CIRA).