„Big heart“, „Sweet and Fit“, „ Pixyle“ и „QxJunk“ победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018

- Advertisement -

Ангажирање на артисти како магионичари кои ќе го прават поубав секој ден на лицата со некакви потешкотии (деца без родители, лица со ментални болести, лица со попреченост и слично) е основата на социјалната бизнис идеја „Big Heart“.

„Ние сакаме да го направиме поубав секој ден на оние кои им е најпотребно, но исто така сакаме и да дадеме можност за вработување на лицата кои инаку тоа не можат да го сторат толку лесно. Па, така во нашиот тим имаме момче со оштетен слух и девојка со физичка попреченост“, изјави Кристијан Шопов, менаџер на „Big heart“ на свечената церемонија за прогласување на победниците вчера.

- Advertisement -

Идеите за социјален бизинис  „Big heart“, „Sweet and Fit“ и „ Pixyle добија по 2.000 евра парична награда од Шпаркасе Банка Македонија, како победници на овогодинешната Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018.

- Advertisement -

Втората награда во висина од 2000 евра стручното жири ја додели на тимот  „Sweet and Fit“. Ивана, Теодора и Диана, претставничките на овој тим водени од мотото „Можеш да промениш и подобриш нечиј живот, а воедно да го промениш и подобриш своето здравје.“, планираат да отворат слаткарница за здрави слатки и дел од профитот да го  даваат на организацијата „Љубезност“ која помага на бездомните и социјално загрозените семејства и поединци.  Во иднина овие млади и амбициозни девојки планираат во својата компанија  и да вработуваат лица од овие категории.

Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Pixyle“, млада македонска компанија, основана во Штип која работи на полето на одржливата мода. „Pixyle во суштината користи вештачката интелигенција која ги учи машините да препознаваат различни модни атрибути во слики, со цел да овозможиме на секој лесен пристап до модни парчиња од одржлива мода во нивниот стил. Нашата мисија е да ја поттикнеме свеста и потрошувачката на одржлива мода, што индиректно би имало голем етички, општествен и еколошки импакт.“ – изјави Светлана  Кордумова Трајанова, основачот на оваа компанија.

- Advertisement -

Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “QxJunk“, воден од Моника илкова,  чиј тим ќе  добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Конто- Профит.

Покрај победниците, на овој настан свое обраќање имаа и Марија Матовска – координаторка на проектот, Владимир Кечовски – Директор на Дирекцијата за микро клиенти во Шпаркасе Банка Македонија и член на жирито, како и добитниците на Наградата од претходните години: Ирина Јавенска – АРНО, Михаела Поповиќ и Наде Богоевска Av Av – Happy Dog Center и Илина Велјановска – Создади.  Наградите беа доделени од страна на претставниците на Конто профит и Шпаркасе Банка Македонија.

Повеќе информации за настанот и програмата можете да добиете кај Марија Матовска, национална координаторка на  „Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award“, на тел. 078824824 или на е-маил: marija.matosvka@socialimpactaward.net.

Сподели!
- Advertisement -