Научници направија посебен фонт кој ќе им помогне на луѓето да го паметат тоа што го читаат

- Advertisement -

Истражувачи направија посебен фонт за кој тврдат дека ќе им помогне на луѓето подобро да го паметат тоа што го читаат. Фонтот се вика Sans Forgetica и е создаден со истражување и на типографијата и на психологијат за да се оптимизира начинот на којшто се процесира текстот во мозокот.

Фонтот се базира на внимателно направени т.н. препреки, кои од читателот бараат да се потруди малку повеќе и на тој начин побрзо да го запомни тоа што го чита. Новиот фонт го направија научници од Универзитетот RMIT во Австралија со употреба на принципот наречен „посакувана тешкотија“.

- Advertisement -

Овој метод користи препреки за да го помогне процесот на учење, што резултира со подобра меморија. Текстот напишан со Sans Forgetica малку е накосен и секоја буква има посебен „исечен“ дел. Дури и со вакви специфични промени, текстот е лесен за читање, пишува Daily Mail..

Според истражувачите, новиот фонт може да биде корисна алатка за студентите кои се подготвуваат за испити. „Луѓето многу често само поминуваат со погледот преку текстот и не се создава никаква меморија. Sans Forgetica има доволно препреки за да се креира меморија. Клучот за подобрување на меморијата е да се најде правилен баланс меѓу препреките и текстот затоа што доколку фонтот е премногу тежок, мозокот нема да може да го процесира“ објаснуваат истражувачите.

- Advertisement -

Sans Forgetica користи различни степени на препознатливост во дизајнот за да се разликува од типичните принципи на типографијата. Како резултат на тоа читателот починува повеќе време на секој збор и на мозокот му дава поголема шанса да ја процесира информацијата. Истражувачите направиле тестирање на 40 студнети, кои потврдиле дека фонтот е поинаков од конвенционалните дизајни, но не е неупотреблив и навистина им помогнал за подобро да паметат. Фонтот може бесплатно да се симне од sansforgetica.rmit и да се стави како екстензија на Chrome.

Сподели!
- Advertisement -