Нови контактни леќи ќе им помогнат на далтонистите да ги гледаат сите бои

- Advertisement -

Со овие нови контактни леќи далтонизмот или неразликувањето на боите ќе стане минато. Истражувачи од Универзитетот Бирмингем открија дека слепилото во однос на црвената односно зелената боја може да се реши со бoјадисување на контактните леќи.

Далтонистите не можат да ги разликуваат црвената и зелената боја, како и сината и виолетовата и сите нивни нијанси. Но, новата боја која ја открија научниците од Бирмингем која се додава на контактните леќи и на стаклата од очилата и им овозможува на луѓето да ги разликуваат сите бои од сончевиот спектар.

- Advertisement -

Освен тоа, бојата воопшто не е скапа за производство, не е токсична и е многу лесна за употреба. Во моментот траат тестирањата на бојата за слепило во однос на црвената и зелената боја, додека што се однесува на бојата за далтонисти кои не разликуваат сини и виолетови нијанси уште се доработува.

New contact lenses can help colorblind people see the rainbow

These new contact lenses could make colorblindness a thing of the past 👀

Posted by In The Know Innovation on Петок, 05 октомври 2018

Сподели!
- Advertisement -