Сите сакаат нивните деца да бидат што подобро подготвени за иднината и многу успешни, но притоа да не ги претвориме во преголеми перфекционисти или пренаметливи личности. Според едно најново истражување, во кое учествувале 4.500 деца на возраст од 8 до 11 години, дефинирани се трите критични однесувања.
Koи се правилата кои на вашето дете ќе му помогнат да станат поодговорни во поглед на учењето и да постигнат подобар успех на училиште?
Во продолжение можете да ги прочитате трите правила кои ќе ви помогнат во тоа.
1.Ограничете го времето поминато пред екран на два часа дневно
Негативното влијание на премногу време поминато со различни комуникациски уреди е неоспорно. Психотерапевтката Ејми Морин нуди десет совети за помош при ограничувањето на времето кое децата го поминуваат пред малите екрани. Исто така, би било добро кога би имале една „technology free“ зона, како, на пример, дневната соба, за да можете на детето да му дадете и друга активност без користење технологија.
2.Осигурајте се дека дневно имаат барем еден час физичка активност
За што подобар развој на децата и подобро здравје неопходна е каква било физичка активност. Тоа може да бидат активности кои ве вклучуваат и вас, каде што како родители ќе имате испланирани семејни дружби. На пример, попладне заедно возете велосипед или запишете ги децата на некоја спортска активност надвор од наставата.
3.Одење во кревет до 21 часот
Не мора да биде баш 21 часот, но мора да биде кое било време кое сметате дека е прифатливо за возраста на вашето дете за да имаат од 9 до 11 часа сон. За децата е потребно многу повеќе спиење отколку за возрасните. Според некои истражувања, одземањето на мобилните уреди пред одење на спиење за да се осигурате дека добро ќе спијат покажува најголема корелација со поголема когнитивна способност и подобар успех во школо.
Доколку ги следите овие три правила не само што ќе постигнете вашите деца да имаат подобар успех на училиште, туку и ќе направите нешто добро за нивното здравје во целина.