Децата треба да учат само преку игра до осум години

- Advertisement -

Компанијата за играчки Lego спроведе истражување за образовниот развој на децата. Истражувањето покажа дека формалното образование, всушност може да го попречи нормалниот развој на децата. Денес родителите и училиштата, поради недоволно разбирање на важноста на играта, не даваат голем приоритет на играњето, вели Хане Расмусем, шеф на фондацијата Lego. Доколку родителите и владите ги тераат децата се порано и порано да научат да читаат и да сметаат, тоа значи дека го спречуваат раниот развој на креативноста, решавањето проблеми и емпатијата, процеси кои се одвива преку игри.

Според Расмусен, има собрано многу докази изминатите децении за учењето преку играта, но родителите не знаат за тоа. „И во формалниот образовен систем и во домовите на децата фокусот се става на други работи наместо на играта. Треба да се потрудиме подобро да ја разбереме вредноста на играта. Наместо тоа, ние наметнуваме учење на букви и бројки од најрана возраст“ објаснува Расмусен.

- Advertisement -

Фондацијата Lego, која постои 29 години, си даде задача да го смени мислењето за образованието во светот. „Нашиот придонес во светот е да го предизвикаме статус квото и да го смениме сфаќањето на учењето“ велат оттаму. Дел од оваа мисија вклучува инвестирање 4 милиони фунти во т.н „Lego professorship” на Универзитетот Кембриџ. Соработуваат и со Универзитетот Харвард, МИТ и други престижни институции. Целта е да се обезбеди академска потврда за едукативната страна на играта и да се дефинира подобро што функционира и како да се измери тоа.

Но, како може една компанија за играчки – иако најголема во светот – може да влијае на начинот како учат децата во светот? Освојувањето на светот со своите шарени коцки е едно, а друго е освојувањето на владите. Проблемот не е само што родителите не ги имаат предвид првенствено интересите на своите деца. Но, глобалната конкурентност, економскиот развој  создаваат притисок врз родителите и владите дека нема да бидеме релевантни за 15 години отсега. Владите се грижат дека младите ќе заостанат зад другите земји и работната сила ќе биде релевантна. Токму затоа родителите и државите форсираат учење нови вештини на се помала возраст.

- Advertisement -

 

Lego идентификува пет видови игра: физичка, симболична, со правила, со предмети и со замислување. Оттаму тврдат дека со секоја игра се развиваат различни вештини, па дури и играњето со технологија може да има позитивни ефекти. Нивната дефиниција за играње е таква состојба на умот кога сте отворени за пробување различни нешта и се чувствувате позитивни. Разговарањето за бенефитите од играњето е како да ја опишуваме убавината – вистинската суштина се намалува со научните анализи, но се повеќе истражувања одат во прилог на играта.

- Advertisement -

Проект спроведен на Универзитетот Кембриџ, а финансиран од фондацијата Lego покажа дека децата ги раскажуваат, ги глумат игрите, па играта ги поттикнува наративните способности и псособностите за пишување, како и за интеракција и соработка. Истражувачкиот центар од Кембриџ сега ќе го истражува влијанието на играта во раните години од животот врз други апсекти од животот како развојот на мозокот, способноста за учење и целосната здравствена состојба. Ако имаат цврсти докази за моќта на играта, родителите и политичарите може да се убедат дека е така.

Сподели!
- Advertisement -