Во Градскиот парк во Скопје денеска по десетти пат ќе се одржи манифестацијата „Напред розово“ чија цел е да се подигне свеста во борбата против ракот на дојка.
„Напред розево“ е уникатен настан кој ги обединува сите кои ја преживеале болеста, нивните пријатели, како и сите граѓани на Македонија. Со „Напред розево“ веќе десет години здружението „Борка“ и Македонија се дел од големото светско семејство на борци против ракот на дојка.
Настанот ќе се одржи пред Школка во Градскиот парк, каде, како што е најавено, обраќања ќе имаат американскиот амбасадор Џес Бејли и неговата сопруга Капи Полк Бејли, министерот за здравство Венко Филипче, Марина Цигарида од АВОН и Биба Додева, претседател на „Борка“.
Групата „Трка за надеж“ ќе го завршат трчањето на Скопскиот Маратон во трчање на местото на настанот и ќе им бидат врачени „медал на честа“ на 10-те жени и мажи, кои се избориле со рак на дојка за нивната посветеност во кампањата „Напред розово“.
Сите учесници на „Напред розово“, меѓу кои има пациенти со рак на дојка, преживеани, тркачи и сите учесници заедно ќе ја почнат симболичната Розова прошетка.
Предвидена е забава со танчерската група „Зумба“ и настап на познатите музичари како што се Каролина, Маја Гроздановска, Елена Петреска, Елена Ристеска, Мијата, Тања Кочовска, Бени Шакири, Пере Нокаут, Александар Митевски.