Револуционерен третман со електростимулација им помогна на тројца луѓе да проодат

- Advertisement -

Тројца пациенти кои биле парализирани од половината надолу повторно успеаја да одат откако меѓу прешлените на рбетот им беше вградена електрода. Пациентот од машки пол упеа да помине растојание во должина од едно фудбалско игралиште по една година вежби со помош на електрична стимулација, пренесува tportal.hr.

Експертите велат дека овој уред кој се става директно под повредениот дел помага изгубените сигнали да дојдат од мозокот до мускулите во нозете. Американскиот тим од Универзитетот Луисвил и Клиниката Мејо го опишаа својот успех во списанијата Nature Medicine и New England Journal of Medicine.

- Advertisement -

Една од пациентките вели дека животот целосно и се променил благодарение на технологијата. „Учеството во оваа студија навистина ми го смени животот и ми даде надеж за која мислев дека не е возможна по сообраќајната незгода. Првиот ден кога самостојно почнав да одам беше емоционален пресврт кој никогаш нема да го заборавама зашто во еден момент одев со помош, а во друг веќе одев сама“ изјави 23-годишната Кели Томас.

Сподели!
- Advertisement -