Со производството на биткоин се создава повеќе CO2 отколку што испушта градот Лас Вегас

- Advertisement -

Основиѕте на биткоин се поставени пред десет години, кога анонимниот криптограф со псевдонимот Сатоши Накамото ја објави својата работа, во која ги изложи принципите за автономните дигитални пари. Едно истражување кое го направија германски научници покажа дека дигиталната валута биткоин е одговорна за производство на повеќе јаглерод диоксид  од цела држава Јорсан на годишно ниво.

Научниците од Техничкиот универзитет во Минхѕен пресметаа дека компјутерите кои произведуваат биткоин во ноември 2018 година на годишно ниво трошеле околу 45,8 милијарди вати на час електрична енергија. Според истражувањето, тоа одговара на годишно производство од 22 до 22,9 милиони тони јаглерод диоксид, што е некаде на средина од загадувањето кое го произведуваат земјите Јордан и Шри Ланка или како повеќемилионскиот град Лас Вегас.

- Advertisement -

Научникот Кристијан Штол, кој учествувал во истражувањето, вели дека резултатите треба да ги поттикнат законодавците да ги разгледаат регулирањето на производството на биткоин за притоа да се користи главно обновлива енергија со ниски нивоа на емисија на СО2.

Идејата за биткоин беше револуционерна, вклучувајќи го непостоењето контрола од централните банки и националните граници. Наместо тоа, механизмот кој се вика блокчеин би обезбедил сигурност и доверба во системот. Наједноставно речено, блокчеин е јавно видлива книга на трансакции, една по друга. Во случај некој да се обиде да го компромитира тој синџир, веднаш станува видливо затоа што псотојат многу копии од тие книги. Со тоа, на пример, се стопира повторното користење на виртуелните пари повеќе од еден пат.

- Advertisement -

Биткоините се генерираат или се „рударат“ со компјутери кои користат сложени математички процеси. Постои ограничување на количината биткоини и што поблиску дојдат „рударите“ до таа точка „рударењето“ станува потешко.

Сподели!
- Advertisement -