Д-р Зоран Илиќ, еминентен бизнис коуч, тренер и стручен консултант за меки менаџерски и лидерски вештини во работа со големи компании, на 10 октомври ќе одржи предавање наменето за топ и среден менаџмент во бизнисот и јавниот живот.
Предавањето ќе биде корисно за сите менаџери –професионалци чија работа се одвива во динамично опкружување, за сите претприемачи кои се свесни дека емоционалната интелигенција е неопходна за успех на работа, како и за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите перформанси во професионалниот и личниот живот.
Д-р Илиќ повеќе од 20 години води едукативни групи и работилници со примена на акциони методи. Тој е основач и директор на центарот за едукација, консалтинг и менаџмент Masterskills. Завршил Coaching на Ericson Coaching College International. Член е на EMCC European Mentoring and Coaching Council и член на ICF International Coach Federation, како и сениор советник во Европската банка за обнова и развој.
Предавањето ќе се одржи в среда од 13.30 до 16.00 часот во Portofino Osteria & Bar, Скопје. Цената на билетите изнесува 300 денари со консумација, а може да се купат на лице место или со уплата на жиро сметка.