Ова се највредните брендови во светот

- Advertisement -

Консултанстската компанија Interbrand го објави најновото рангирање на светските највредни брендови, а мешу првите 100 доминираат технолошките компании, на чело со Apple. Со вредност на брендот од речиси 215 милијарди долари, Apple  е првата компанија на листата во годишниот извештај и прва која го надминала прагот од 200 милијарди долари вредност.

На второ место на листата со вредност од 155 милијарди долари се наоѓа Google. Apple и Google шест години по ред ги имаат првите две позиции на листата. На третата позиција со неверојатен раст на вредноста од 56% до 100 милијарди долари е Amazon, на четврта позиција е Microsoft со вредност од 92 милијарди долари, а на петта е Coca-Cola со вредност од 66 милијарди долари.

- Advertisement -

Втората десетка од првите највредни брендови во светот ја сочинуваат: Samsung (59 милијарди долари), Toyota (53 милијарди долари), Mercedes-Benz (48 милијарди долари), Facebook (45 милијарди долари) и McDonald’s (43 милијарди долари).

Во 2018 година големата високотехнолошка четворка – Apple, Google, Amazon и Microsoft ги заземаат првите четири места на ранг-листата со 100 највредни брендови во светот. Заедно тие имаат вредност од околу 564 милијарди долари.

- Advertisement -

Најголем раст на вредноста забележал Amazon. Interbrand го објаснува спектакуларниот раст на Amazon со редефинирањето на законот за трговија, каде што Amazon се смета за лидер во поглед на искуството на потрошувачите, иновативноста и довербата.

Речиси половина од брендовите на листата се од топ пет индустри: автомобилска индустрија (16), технологија (13), финансиски услуги (12), луксузни стоки (9) и потрошувачки стоки (9). Најбрзорастечки сектор е токму потрошувачките стоки.

- Advertisement -

Вкупната вредност на сите топ 100 брендови во светот е малку поголема од 2 трилиони долари.

 

Сподели!
- Advertisement -