Охриѓанец измисли очила кои детектираат канцерогени клетки

- Advertisement -

Виктор Груев, доктор од Македонија и професор на Универзитетот Сент Луис во Вашингтон, измисли посебни очила кои има помагаат на хирурзите во текот на операциите подобро да ги лоцираат канцерогените клетки. Овој брилијантен изум носи нова револуција во светот на медицината бидејќи овозможува прецизно отстранување на заболените клетки и зачувување на здравото ткиво.

Технологијата за детектирање на ракот всушност е резултат на долгогодишни истражувања спроведени врз различни инсекти и нивните визуелни механизми. Изумот на Груев е високосензитивна камера која генерира визуелен систем базиран на видот на различни типови инсекти. Еден од најтечките аспекти при операциите за отстранување канцерогени клетки е отстранувањето на сите заболени клетки без да се отстрани многу од здравото ткиво. Поради сензитивноста, оваа технологија треба да овозможи прецизно детектирање и остранување на канцерогените клетки, без да се оштетат витални органи или нерви, пишува Instituto Flash.

- Advertisement -

Според Груев, природата овозможила развој на сложени системи за вид кои на живите суштества им овозможуваат опстанок. Истражувачот признава дека бил фасциниран од еден вид морски ракчиња, кои благодарение на сложените сетила за вид со наноклетки и исклучително осетливи сензори можат да детектираат и да препознаат шеснаесет различни спектри на бои, од сини до инфрацрвени. Тој животински вид гледа многу повеќе бои од нас луѓето, кои препознаваме само три примарни бои.

Очилата на д-р Груев претставуваат мешавина од технологијата на визуелниот систем на пеперутките и очилата за видеоигри кои се многу популарни и се користат за играње Play Station. Очилата можат да детектираат различни типови бои и имаат добра поларизација на светлината. Технологијата за поларизација на светлината е потенцијално револуционерна промена од аспект на дијагностицирањето на ракот и третманите. Очилата за детектирање на канцерогените клетки веќе се тестирани при операции на рак на дојка и рак на кожа.

- Advertisement -

Неодамна при неговата поета во Македонија д-р Груев одржа предавање на Универзитетот „Свети Петар и Павле“ во Охрид, неговиот роден град. Тој ја потенцираше потребата од пронаоѓање начини на кои сите земји ќе добијат авторизација за посебните протоколи на Светската здравствена организација за да се пренесе технологијата насекаде.

Во повеќе од 50% од случаите кога се користеле очилата хирурзите имале подобар вид и подобро ги детектирале заболените клетки. Овие посебни очила можат да им помогнат на луѓето да се борат против една од најопасните болести, која годишно во светот зема 4 милиони животи. Иако проектот уште е во развој, многу институции пројавија интерес за да помогнат. Неколку фондации од САДи од Европа, како и кинеските власти сакаат да го спонзорираат и да го поддржат проектот. Сепак, проектите како овој кои се сметаат за мали мора да задоволат повеќе протоколи на здравствените комитети пред да добијат конечно одобрување и ефективно да се применат во хирургијата.

Сподели!
- Advertisement -