Хрватски иноватор направи DIY телефон кој го составувате сами

- Advertisement -

Замислете да можете да направите сами својот мобилен телефон. Токму со таа порака Алберт Гајшак, кој продаде повеќе од 6.000 MAKERbuino конзоли уште додека беше тинејџер и собра повеќе од 100.000  долари на Kickstarter, сега лансира нов проект на платформата за групно финансирање. Неговата нова идеја е да понуди телефон во посебен пакет кој ќе се користи за едукативни цели затоа што од него ќе можете да научите многу за електрониката и програмирањето на забавен начин. 

Телефонот кој во Early Bid понуда на Kickstarter ќе може да се добие за 89 долари, е целосно функционален и ќе ви овозможи за него да програмирате во Рython, Arduin и Scrach, да инсталирате и да играте игри како „Змија“, „Понга“ и „Space Invaders“, да користите апликации како сопствениот или прилагоден плеер кој, како што вели Гајшак, репродуцира само видеофилмови со мачки.

- Advertisement -

Телефонот може да се прилагоди на сопствените потребни на бројни начини, а во текот на склопувањето ќе научите за електрониката , што прават отпорниците, како се леми, како функционираат мобилните телефон итн. За својот проект Гајшак и неговиот тим побараа 15.000  долари.

- Advertisement -

Во сетот ќе добиете MAKERphone печатена плоча или главна матична плоча, MAKERphone куќиште, екран од 128×160 пиксели, кој ќе ви овозможи пренос на разни броеви, имиња и играње игри, како и засилувачот на звук, антена и други компоненти, меѓу кои и SD kartica од 128 MB со претходно инсталирани видеоигри и и апликации.

Ако за 119 долари нарачате нов пакет, освен сетот, добивате и комплет алати потребни за сложување на MAKERphone, а за најмрзеливитте Гајшак  на Kickstarter понуди пакет од 99 долари со кој го добиваат и веќе сложениот телефон.

Сподели!
- Advertisement -