Лежечки полицаец, камп куќичка, еко централа и апарат за гласовни команди се македонските наградени иновации

- Advertisement -

Лежечки полицаец, потоа шаторска камп куќичка, што веќе се произведува и извезува, со природен систем за климатизација, еко централа што е вклучена во еден од проектите што ги прави еден од руските институции со средства од неколку милиони евра, и еден апарат за гласовни команди.

Македонски иноватори за неколку месеци добија голем број награди на меѓународни саеми. Петте иновации што се претставени на саеми во Москва, Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка и Полска добија златни медали и плакети.

- Advertisement -

– За само три месеци излеговме на шест меѓународни саеми. Се претставивме во Москва, каде Македонија првпат учествува, потоа во Мостар, Белград, Бања Лука, во Чешка, Полска, од каде не се стигнати сите медали. Ги очекуваме и наградите од Бугарија и од Канада и од Севастопољ, каде сите пронајдоци што ги имавме добија награди – изјави денеска Мирко Узелац, претседател на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.

Тој ги претстави наградите што ги освоија пет  домашни иноватори.

- Advertisement -

Станува збор, како што рече, за лежечки полицаец, потоа шаторска камп куќичка, што веќе се произведува и извезува, со природен систем за климатизација, еко централа што е вклучена во еден од проектите што ги прави еден од руските институции со средства од неколку милиони евра, и еден апарат за гласовни команди.

Појасни дека одлучуваат патентите да ги поделат во групи и да ги испраќаат на меѓународни саеми за да освојат награди на сите саеми.

- Advertisement -

МИА

Сподели!
- Advertisement -