Во видеото на Јапонскиот национален институт за напредни индустриски науки и технологија, кое се појави неодамна, може да се види прототип на робот кој е дизајниран да работи градежни работи во случај кога тоа не може да го изведе некој човек, Роботот засега е навистина бавен, но исто така е неверојатно прецизен и навестува една иднина во која хуманоидни роботи ќе ги земeнат луѓето во градежништвото.
Прототипот на роботот HRP-5P на видеото крева плоча гипс и ја става на ѕид. Ваквиот вид флексибилен хуманоиден робот е дизајниран да ги реплицира човечките движења во сложени градежни средини, пишува New Atlas.
Индустриската автоматизација брзо го менува масовното производство. Додека во големите фабрики производните линии се повеќе се роботизираат, луѓето уште се потребни за многу работи.
На пример, склопувањето на авионите е едно поле кое досега не користи роботи како производителите на автомобили затоа што луѓето се потребни да состават ситни делови каде што масивните роботи не можат да пристапат. Градењето на лице мeсто е уште една област каде што засега има само гломазни роботски системи, а луѓето се тие кои го вршат главното составување на елементите.
Овие јапонски истражувачи не се фокусирани на заменување на работниците со роботи туку на решавање на еден од проблемите на островската нација. Како што велат тие, освен намалената стапка на наталитет и популацијата која старее, се очекува дека многу индустрии ќе се соочат со недостиг од работници во блиска иднина, а роботската технологија може да помогне.
HRP-5P не е најнапредниот робот кој сте го виделе, но е дизајниран конкретно за вршење тешка мануелна работа со слични движења како луѓето.