Утре во Скопје се одржува меѓународна конференција InnoDays- Иновации, контекст, соработка и капацитети во Балканско Медитеранската oбласт

- Advertisement -

На конференцијата ќе се презентираат резултати од спроведено истражување за иновативните активности на малите и средни претпријатија и ќе се презентираат конкретни алатки како компаниите можат да го зголемат својот иновативен потенцијал 

Утре со почеток во 9 и 30 во хотелот Холидеј Ин во Скопје започнува меѓународна конференција InnoDays- Иновации, контекст, соработка и капацитети во Балканско Медитеранската oбласт. Конференцијата е дел од проектот InoPlatform финансиран од Европската Унија и се имплементира во пет земји од Балканско Медитеранската  област.

Носител на проектот е Центарот за Управување со Знаење од Македонија , а другите партнери се:  Computer Technology Institute and Press “Diophantus” од Грција, UET Centre од Албанија, Burgas Free University од Бугарија,  Limassol Chamber of Commerce and Industry од Кипар и Association of Information Technology Companies of Northern Greece од Грција.

- Advertisement -

Конференцијата ќе ја отворaт министерот без ресор Зоран Шапуриќ задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и Андријана Богдановска, проектен менаџер на ИноПлатформа.

Изјави за медиумите се превидени во 9 и 45 минути.

Сподели!
- Advertisement -