Студентките Бисера, Ангелина и Надица креираа иновативен материјал – био кожа од комбуха!

- Advertisement -

Три студентки, две биохемиски инженерки од Технолошко–Металуршкиот факултет и Природно-математичкиот факултет, Бисера Поповска и Ангелина Серафимовска, заедно со машинската инженерка од Машинскиот факултет, Надица Десанова се тимот на BioHide! Tие креираат нов, еколошки и одржлив материјал наменет за модната индустрија – био кожа.

Бисера, Ангелина и Надица се претставнички на новата генерација која со многу чувство пристапува кон глобалните проблеми, поттикнати од климатските промени и претрупувањето со отпад и бара решенија за одржлива иднина. Токму таа заложба ги инспирирала да ја употребат технологијата за позитивни промени и да креираат продукт кој целосно ја заменува традиционалната кожа, а истовремено е еколошки и не ги повредува животните.

- Advertisement -

Новинар – Сања Наумовска

Работите на креирање на нов биоматеријал кој треба да се пласира на пазарот. Кажете ни за што се работи?

- Advertisement -

Био кожата е нашиот одговор на еколошките и етичките проблеми кои ги креира кожната индуструја. Со нашите методи ние користиме тоа што ни е веќе дадено од природата, односно, целулоза која се формира како бипродукт во процесот на ферментација. Таа целулоза ја преработуваме и од неа излегува нашиот финален продукт- био кожата која ја има истата функционалност како традиционалната и вештачката кожа, но е биоразградлива и произведена без да ги загрозува животните.

Во кои индустрии може да се користи био кожата?

- Advertisement -

Нашата биокожа има многу голем потенцијал на пазарот и може да се иплементира во голем број индустрии. Со тоа што не содржи никакви хемикалии, може да се пласира дури и во индустрии каде што традиционалната и вештачката кожа не би можеле.

Вашата заложба е насочена и кон зачувување на животната средина и стремите кон нула отпад. Што ве инспирира да работите во оваа насока?

Нашиот биоматеријал направен од комбуха е навистина иновативен и покажува посебни предности во однос на конвенционалните материјали на пазарот. Она што го издвојува е неговото одржливо потекло, добиено од ферментацијата на чајот од комбуха. Овој процес дава разновиден материјал кој не само што е еколошки, туку нуди и уникатни карактеристики како што се  флексибилност, текстура и издржливост. За разлика од традиционалните материјали, нашиот биоматеријал се усогласува со растечката побарувачка за одржливи алтернативи и претставува привлечно решение кое комбинира функционалност, стил и одговорност кон животната средина.

Што е иновативноста на вашиот материјал, кои се неговите предности во однос на другите материјали кои се достапни на пазарите?

Нашата посветеност за зачувување на животната средина и стремеж кон нула отпад произлегува од длабокото чувство на одговорност и должност кон нашата планета и идните генерации. Ние цврсто веруваме во можноста за промена и дека таа промена секогаш треба да започне од самиот себе. Посветувајќи се на минимизирање на отпадот и усвојување на еколошки решенија, имаме за цел да придонесеме за поздрав и поодржлив свет, водени од верувањето дека секој мал напор е важен во градењето посветла иднина за нашата планета.

За кои пазари ќе биде наменета био кожата?

Разновидноста на биокожата како одржлив материјал опфаќа различни индустрии. Во модата, тој обезбедува cruelty-free опции за чевли, чанти и облека, проширувајќи се во модни додатоци како што се паричници и ремени за часовници. Индустриите за автомобили и мебел можат да имаат корист од неговите еколошки карактеристики за изработка на внатрешните компоненти. Индустрии во областа на потрошувачките добра, вклучувајќи електрониката, може да ја истражуваат биокожата за стилски и одржливи додатоци. Овие разновидни апликации го истакнуваат потенцијалот на био кожата да ги исполни барањата кои се развиваат, усогласувајќи се со растечката бараност за еколошки алтернативи.

Вие сте тим од жени во светот на иновациите и технологијата. Колку е тешко или лесно денеска да се биде жена во оваа индустрија, особено во Македонија?

Со развојот на науката во последните неколку години се повеќе се отвараат нови можности како и во нашите бранши така и во останатите делови од STEM , а со тоа и процентот на жени кој се занимаваат со наука и со претприемништво се зголемува. Ние како start up започнат од три студентки, иако сме на почеток на нашата приказна, имаме голема привилегија и среќа што сме поддржани од веќе успешни и развиени ментори кој ги надополнуваат нашите знаења, не мотивираат и се константна поддршка за нашата идеја и за нас самите. И, се разбира, најбитното, не третираат подеднакво со тоа што ни нудат можност и околина каде што  мерилото на нашиот успех е сведен на мотивацијата, знаењето и што ние имаме да му пружиме на светот, а не по нашиот пол.

Особено сме горди што неодамна победивме на

ел од атмосферата на заедничкиот Демо Ден за стартапите од акцелераторските програми на 700 Accelerator на SEEU TechPark и ПРЕДА Плус Фондација во конкуренција на четиринаесет стартапи, кои ги комплетираа акцелераторските програми и ги презентираа свои бизнис идеи пред потенцијални инвеститори.

Кои се вашите планови за во иднина?

Нашата визија за иднината вклучува создавање на онлајн платформа посветена на продажба на биоматеријали и нивни производи, поттикнување и градење на заедница на еколошки свесни потрошувачи и квалификувани занаетчии кој се бават со одржливи и биоразградливи продукти. Ние ќе се стремиме да негуваме партнерства со реномирани модни и автомобилски брендови посветени на унапредување на одржливоста, создавајќи колаборативен пат кон поеколошка и етичка иднина.

Сподели!
- Advertisement -