Жените во иднина ќе можат да раѓаат деца без потреба од мажи

- Advertisement -

За две децении отсега жените ќе можат да раѓаат бебиња беа да има потреба од мажи, вели експертот за плодност д-р Дејвид Молој. Тој вели дека во иднина за една жена да остане трудна нема да има потреба од учество на машкиот пол влагодарение на напредокот во технологијата за плодност.

Во Кина неодамна се родија 29 здрави глувчиња од две мајки, без сперма од татко и д-р Молој вели дека не гледа причина зошто истото да не може да се постигне кај репродукцијата на ловекот. Моментално во Австралија комитетите за етика и законите би сопреле реализација на еден таков процес кај луѓето, но според д-р Молој, со тек на време ќе се смени таквиот став. Тој додава дека науката ќе постигнува упте поголеми успеси кои нема да може да се сопрат.

- Advertisement -

„Тоа значи дека хетеросексуалните парови каде што мажот има лош квалитет на спермата како и хомосексуалните женски парови ќе можат да имаат свои генетички деца. Мислам дека ќе биде возможно да се оплоди јајце-клетка со половина од досегашните хромозоми и таргетирано менување на гените“ објасни д-р Молој.

Научниците велат дека со оваа техника ќе може да се креираат луѓе чии биолошки родители се двајца мажи или две жени. Тоа значи дека и геј паровите ќе можат да имаат деца кои ги носат гените од двајцата родители. Како што велат научниците, овој концепт е навистина интригантен, но во моментот има многу нејаснотии за да се направи еден таков експеримент.

Сподели!
- Advertisement -