Саем за градежништво, Технома и Realexpo од 24 до 28 октомври

- Advertisement -

Од 24 до 28 овој месец ќе се одржи 15. Меѓународен саем за градежништво и 8. Саем на недвижности и инвестиции – Realexpo. Во истиот период ќе се одржи и Технома 2018

Саемските манифестации ќе бидат во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на површина од 5.000 квадратни метри, а посетителите ќе имаат можност на едно место да ги разгледаат понудите на градежните компании и банките и да ја согледаат моменталната понуда на пазарот на недвижности.

Од „Скопски саем“ најавуваат околу 70 изложувачи претежно од Македонија, но ќе има и фирми од Хрватска, Србија, Бугарија и Грција.

- Advertisement -

– Се надеваме дека компаниите активно ќе се претстават со голем број на станови и ќе понудат попусти како и досега. За таа цел обезбедивме и учество на неколку банки кои ќе ги поддржат посетителите во изборот на станови, рече денеска на прес-конференција Валентина Димитрова, оперативен директор на Саемот за градежништво и Технома.

На Саемот за градежништво ќе учествуваат поголем дел од компаниите од Градежната комора при Сојузот на стопански комори од каде сметаат дека треба да продолжи инвестирањето во капиталните објекти со што ќе се овозможи дополнителен раст на економијата.

- Advertisement -

 Потребно е да се продолжи со инвестирање во капитални објекти кои се потребни за дополнителен раст на економијата во Македонија. За зајакнување на економијата неопходно е континуирано зголемување на вредноста на квалитетните станови и деловни простори како што е праксата во Европската унија и во најблиското опкружување, рече претседателот на Градежната комора Ивица Јаќимовски.

Според него, градбите во Македонија споредбено со оние од Европската унија се исти во делот на енергетската ефикасност, но треба да се работи на инвестирање во пасивни нулта објекти кои произведуваат енергија за потребите на објектите, а потрошувачката на енергија е сведена на минимум.

- Advertisement -

Програмски партнер на саемските манифестации е Програмата за поддршка на зелена економија на Европската банка за обнова и развој преку која се обезбедуваат средства за инвестиции во енергетски ефикасни технологии. Проектот може да го користат сите оние кои градат нови фамилијарни куќи или ги реновираатсвоите станови и куќи.

Саемските манифестации ќе бидат отворени од 10 до 19 часот, а цената на влезниците ќе биде 80 денари. За групни посети влезницата ќе чини 40 денари.

Сподели!
- Advertisement -