Канада ја легализираше марихуаната

- Advertisement -

После Уругвај, Канада стана втората земја во светот која го легализираше канабисот, а продажбата почна синоќа на полноќ Уругвај досега беше единствената држава која ја легализираше дрогата, а Португалија и Холандија ја декриминализираа.

Неколку часа пред отворањето на бројните продавници за билката во најисточната канадска провинција Њуфаундленд и Лабрадор, претставник од владата изјави дека Канада ќе ги помилува сите кои според стариот закон се осудени поради поседување до 30 грама марихуана. Официјалното соопштение за помилувањата ќе следува во текот на денот.

- Advertisement -

Користењето марихуана за медицински цели е легално во Кaнада уште од 2001 година, а владата на премиерот Џастин Трудо две години работеше на легализација на нејзината употреба во рекреативни цели. Владата тежнееше да ги прилагоди законите со промена на односот на општеството кон марихуаната и да го замени црниот пазар со регулиран систем.

Првата земја која ја легализираше марихуаната е Уругвај. Се очекува дека ширум Канада, каде ѓто живеат 37 милиони луѓе, ќе има најмалку 111 продавници за марихуана. Канаѓаните можат да нарачаат марихуана и преку веб сајтови и да ја добијат на домашна адреса. Купувањето марихуана не е дозволено за помлади од 19 години, додека во поркаините Алберта и Квебек таа граница е 18 години.

- Advertisement -

Во Онтарио, вклучувајќи го и градот Торонто, продавници за марихуана ќе бидат отворени дури напролет бидејќи властите на овие покраини со најголем број жители треба да ги усвојат измените на прописите.

Сподели!
- Advertisement -