Израелска технологија ќе им помогне на слепите лица да гласаат без помош

- Advertisement -

Слепите лица и лицата со проблеми со видот во Израел ќе можат да гласаат без никаква помош благодарение на уред за вештачки вид кој го направија израелски иноватори. Во Израел има околу 24.000 луѓе кои се слепи, од кои 22.000 имаат право на глас. 100.000 гласачи, пак, имаат проблеми со видот.

Во пресрет на парламентарните избори во Израел, кои треба да се одржат на 9 април, компанијата производител на уреди за вештачки вид OrCam од Ерусалим склучи партнерство со Централната изборна комисија и Центарот за слепи на Израел за пилот-програма која ќе му овозможи на секој гласач да си го оствари своето право на тајно гласање.

- Advertisement -

Уредот на OrCam, MyEye 2 е препознат во светот како најнапреден гаџет со технологија за вештачки вид за луѓето кои се слепи, делумно слепи или имаат проблеми со читање. Уредот се става на каква било рамка за очиа и веднаш  дискретно го чита на глас пишаниот текст, како што се гласачките ливчиња во кабина. Се активира со гест на посочување или со следење на погледот.

Изборната комисија се одлучи да ја имплементира технологијата на OrCam во кабините за гласање. „Ова е прв пат во светот да се употреби револуционерна технологија која ќе им овозможи на слепите луѓе и на луѓето со проблеми со видов да гласаат самостојно и без придружба. Благодарение на нашата соработка со Изборната комисија ќе покажеме како нашата технологија за вештачка интелигенција ќе им ги подобри животите на десетици илјади гражани. Се надеваме дека светот ќе го следи нашиот пример и ќе возоможи независност на слепите луѓе и на луѓето со проблеми со видот на Земјата“ вели соосновачот, претседател и изврпен директор на OrCam, Зив Авирам.

- Advertisement -

Пилот програмата ќе биде имплементирана на 12 гласачки места. Точните локации ќе бидат објавени на страницата на Изборната комисија. Кога ќе почне гласањето во вторник слепите и луѓето со проблеми со видот ќе можат да изберат да гласаат на местото каде што се регистрирани со придружба или, пак, во посебно наменета кабина со иновативниот уред на OrCam.

 

Сподели!
- Advertisement -