На прв поглед луѓето ги заклучуваат овие осум работи за вас

- Advertisement -

За создавањето на првиот впечаток, за жал, не добиваме втора шанса. Сите се надеваме дека кога запознаваме некого нема да направиме некоја грешка со која ќе ги навредиме или ќе речеме нешто глупаво. Меѓутоа, дури и пред да добиеме шанса да ги одушевиме со своето знаење, пред да кажеме нешто, луѓето веќе имаат создадено одредено мислење за нас.

Кога запознаваме некого, наша природна особина е да носиме брзи одлуки за луѓето дури и со минимални информации кои ги имаме. Со оглед на недостигот информации за некого, нашата проценка се базира на тоа што мислиме дека знаеме за луѓето кои ги сметаме за слични на нас.

- Advertisement -

Според Business Insider, а базирано на анализи на неколку научни трудови, постојат осум работи кои луѓето ќе ги забележат на вас по само неколку секудни откога ќе ве видат:

1. Дали може да ви се верува – луѓето одлучуваат за довербата која може да ја имаат во вас за само 1/10 од секундата

- Advertisement -

2. Дали сте од повисок статус – луѓето кои носат дизајнерска облека ги доживуваат како луѓе со повисок статус наспрема оние кои не носат дизајнерска облека

3. Дали сте хетеросексуалец или хомосексуалец – луѓето можат да ја прочитаат сексуалната ориентација за само 1/20 од секундата, што е минимална количина време за свесно да го препознаат лицето

- Advertisement -

4. Дали сте паметни – луѓето ве доживуваат поинтелегентни ако ги гледате во очи. Носењето очила и поизразеното зборување исто така продинесуваат за таков впечаток

5. Дали сте успешни – мажите кои носат по мерка скроени костуми луѓето ги доживуваат како поуспешни од оние во поопуштена облека

6. Дали сте доминантни – ќелавите луѓе ги доживуваат подоминантни од луѓето кои имаат многу коса

7. Дали сте промискуитетни – жените со видливи тетоважи луѓето ги сметаат за помалку атрактивни, посклони кон пиење алкохол отколку жените без тетоважи

8. Дали сте авантурист – луѓето можат ова да го дознаат од вашиот начин на одење. Опуштениот од се поврзува со екстровертност и авантуристички дух, додека постиснатиот од се врзува со невротични луѓе.

Сподели!
- Advertisement -