Tip if the Week- Време е за предупредување

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење

Не е важно која е компанијата или чија е, наградите кои ги има добиено, големината, локацијата или достигнувањата, сепак може да се случи нешто да не е во ред со таа компанија . Живееме во многу турбулентно време, време опкружено со непредвидливи ситуации, па моментот кога нешто не е во ред, може да дојде многу неочекувано.

Од друга пак страна, реалноста не е баш лесна за прифаќање, па одговорите на прашањата не е лесно да се донесат:

- Advertisement -
  • Кога нешто не е во ред?
  • Дали тоа можеме сами да го заклучиме или треба некој од надвор да ни каже?
  • Кога е време за предупредување?

Време е за предупредување кога некои од следниве работи/знаци почнуваат да се честа појава во вашата компанија или траат веќе подолго време:

  • Немотивирани луѓе – кога луѓето едвај доаѓаат на работа или остануваат до многу доцна или имаат премногу време за „дрдорење” и глупи муабети или, пак, работат работи кои не се поврзани со нивната работа, тоа е знак дека нешто не е во ред.
  • Промена на кадар – ако голем број луѓе си одат од компанијата, тоа значи дека го напуштаат бродот што тоне. Никој не сака да остане последен!
  • Квалитет – квалитетот на производите и услугите што ги нудите е намален. Намалување на квалитетот ќе го увидите со тоа што или има зачестени поплаки или никој не ве бара, едноставно продажбата ви „паѓа“.
  • Лидерство – рибата смрди од главата, па така и во вашата компанија. Лидерство без интегритет, мотивираност и чесност, а од друга страна, постојана критика и не е лидерство. Критиката е добра, но ако менаџментот само критикува и чека само момент за да критикува, тогаш не ѝ се пишува добро на компанијата со такви лидери.
  • Комуникација – да не кажам НУЛА комуникација. Има недостиг на разбирање и никој не ја знае „вистинската”, вистина што доведува до комуникација која се сведува на озборување и други муабети кои не се поврзани со работа. Ова води кон чувство на страв, вознемиреност и нервоза на вработените, со што се забрзуваат озборувања и „приказни” за тоа што може или ќе се случи во рамките на организацијата. Ова води кон конфузија, стрес и голема несреќа.
  • Финансии – не сте во можност веќе подолго време да ги исплатите долговите, ниска профитабилност, неможност да дојдете до пари, дали од банка или некое друго место…
  • Тензии помеѓу одделенијата – во повеќе компании има тензии меѓу секторите, но таа тензија може да е позитивна (ако ја сведете на мотивирачка конкуренција) или негативна (омраза и несподелување на инфо помеѓу секторите, што доведува до намалување на продажба или доцнење на испораки или лоша комуникација со надворешниот свет).
  • Фокус на окривување – ако е фокусот на „покажување со прст“ на тоа кој е крив и кој не ја завршил добро работата, наместо прифаќање на грешките и учење од нив, тогаш нешто не е во ред.

 

- Advertisement -

Имајте ги предвид овие знаци, така што кога следниот пат некој од нив ќе се појави, да знаете дека е време за размислување и длабинска анализа, дали или не да се почне со некои промени за успех во вашата компанија, но и на сите во компанијата.

 

- Advertisement -

Со успех во промените

@kalinbabusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Сподели!
- Advertisement -