Како да не е доволна основната функција на футролите за телефон – заштита на најбитното нешто што го поседуваат денешните млади, па и стари, па сега мора да се додаваат и дополнителни функции. Во ред и да се додаваат ако се во корелација со технологијата, но има и такви кои се сосема поинакви.
Таков пример е оваа футрола, која, замислете, може да ви свари епсресо. Тоа се две најкористени работи во денешницата ставени во едно – технологијата и кафето. Mokase е италијански изум кој може да ви послужи 25 мл кафе, кое го чува во посебен кертриџ.
Се што треба да направите за да добиете шолја топло кафе наутро е да притиснете на едно копче на екранот и утринското кафе за кратко ќе биде загреано до 140 степени Целзиусови благодарение на батеријата од телефонот.
This phone case protects your mobile device and serves you coffee ☕️📱
Posted by In The Know Gadgets on Четврток, 04 октомври 2018