Отворен ден на GS1 Македонија: „Дигитализација на македонското стопанство“

- Advertisement -

„Онлајн“-трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет е се уште мал. Во светски рамки, пак, продажбата на далечина е се по застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовна, а обртот на средства преку „онлајн“-трговијата е се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. Нашите производители и трговци треба да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици за да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи, како во Македонија така и надвор од нашите граници.

Ова го наведува Стопанската комора на Македонија во најавата за денешниот Отворен ден на тема: „Дигитализација на македонското стопанство“ што го организира GS1 Македонија по примерот на GS1 организациите од европските земји.

- Advertisement -

Врвни предавачи ќе зборуваат за трендовите во електронската трговија, за влијанието на дигитализацијата на деловните практики и потрошувачките навики, за се поголемата важност на GS1-стандардите во повеќе каналната трговија, или Омни-канал трговијата, како и за новите трендови во светот на трговијата.

На Отворениот ден ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, како и американскиот експерт за дигитализација и директор на Секторот за иновации во GS1, Роберт Бајдеман.

- Advertisement -

МИА

Сподели!
- Advertisement -