Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 105.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14,2%), Преработувачка индустрија (11,4%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10,3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2,6%), Рударство и вадење на камен (2%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (1,9%).
Просечната месечна нето-плата по вработен, во август изнесува 24.210 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесувала 35.573 денари.