Паметното огледало HiMirror ви кажува како да се нашминкате

- Advertisement -

Паметното огледало HiMirror е паметно огледало со вградена камера дизајнирана да им помогне на неискусните да се снајдат во шминкањето, а HiMirror Mini Premium врвниот производ ќе им помогне на сите кои се несигурни во својот изглед пред да излезат од дома. 

„Како извршен директор на позната тајванска електронска групација, постојано работам на различни проекти и патувам по светот. Мојата жена честопати ме прашува како луѓето од индустријата за висока технологија можат да бидат толку зафатени и што им го одзема времето. Сакав да го споделам мојот свет со неа, па затоа направив нешто што ќе и користи и истовремено ќе и покаже што работам“ вели иноваторот Сајмон Шен.

- Advertisement -

Се прашувате што може да биде паметно во едно огледало? HiMirror има камера со екран на допир кој го прикажува лицето и технологијата наречена Skin Analysis Engine X, која го анализира целото лице и ги бара сите дефекти: брчки, линии, темни кругови, темни точки, црвени точки, рапавост, пори, проблеми со тенот и пигментацијата.

- Advertisement -

Но, кога ќе забележи што се дефектите на вашето лице, HiMirror ќе ви каже точно кои производи ви требаат за да ги поправите тие дефекти. Огледалото ги следи и промените на лицето со текот на времето, па можете да ги видите и директните бенефити од употребата на некои производи.

Сподели!
- Advertisement -