Сте се запрашале ли некогаш во која држава се најспособните вработени? Доколку сакате да ги запознаете таквите работници, треба да отидете во Финска. Според глобалниот конкурентски извештај на Светски економски форум 2018, во категоријата за способност оваа скандинавска земја постигна резултат од 87,9 бодови од 100.
Според извештајот, оценувањето на вештините се мери според општото ниво на работната снага и квалитетот и квантитетот на образованието, а висококвалитетната едукација се состои од развој на дигиталната писменост, интерперсонални вештини и способност за критичко и креативно размислување.
Ова се десетте држави со најспособни вработени:
1.Финска
2. Швајцарија
3. САД
4. Германија
5. Данска
6. Холандија
7. Шведска
8. Норвешка
9. Исланд
10. Нов Зеланд