Оваа компанија произведува грејачи за нос за луѓето на кои постојано им студи

- Advertisement -

Зимата е на прагот и време е да си набавиме топла гардероба за да ја дочекаме подготвени. Топли зимски јакни, дебели чорапи, шалови и капи, сетоа тоа го имаме. Но, има едно нешто што сигурно немаме. Најизложениот дел од телото на студот е тој кој не го покриваме – носот.

Секако дека можеме да го искористиме шалот и како што ги туткаме бебињата во топла облека, целата глава да си ја замотаме со шалот. Но, најверојатно ќе изгледаме ем смешно, ем страшно. Една британска компанија има решение на кои никој не би помислил. Тhe Nosewarmer Company произведува грејачи за нос, кои можеби ќе станат најкористениот моден аксесоар оваа зима.

- Advertisement -

„Дојдов на идејата уште во 2009 година кога навистина ми замрзнуваше носот во текот на зимата. Моите грејачи за нос ги носам по дома, досега не сум излегол така надвор. Се уште. Но, продавам во целиот свет и дизајнот ми е заштитен”, вели основачот на компанијата, Сели Стил Џоунс.

„Мислите дека изгледаат малку смешно? И џемперите со Дедо Мраз или Снешко се смешни, како и големите зимски капи, но многумина ги носат. Има многу луѓе на кои постојано им студи, па има голема побарувачка за моите грејачи. Можеби ќе дојде ден кога ќе биде смешно да се шеташ по улица без тааков топлач“ вели Џоунс.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -