Училиштата во Делхи, Индија, ги учат децата што значи да бидеш среќен. Нивниот училиштен ден започнува со пет минути слободно мислење, односно лутање со мислите. Потоа следува 40 минути читање и раскажување приказни, па јога и на крајот медитација.
Исто така, децата се учат да се гордеат со она што го потигнуваат на училиштте, без разлика на тоа колку се добри или лоши. Ова е само дел од поширокиот пакет реформи кои имаат за цел подигнување на стандардите на образованието.
Досега училиштата во Индија беа многу фокусирани на тестови, па под силниот притисок многу ученици се принудени да мамат на тестовите и да препишуваат едни од други. Добрите резултати на тестовите секако дека ќе останат битен дел од образованието, но владата на Делхи сака повеќе да се фокусира на вистинското знаење и вистинските вредности.
Децата ќе почнуваат со учење што значи да бидеш среќен уште од градинка и ќе продолжат додека не наполнат 14 години.
Indian schools in Delhi are teaching students happiness
An emotional education. Read more: https://wef.ch/2JYA2b4
Posted by World Economic Forum on Недела, 21 октомври 2018