Унгарија им забрани на бездомниците да спијат на улица. Од унгарската влада велат дека овој потег е направен со цел на бездомниците да им се обезбедат подобри услови за живот.
Плицијата сега има право да отстрани секој што ќе го најде како спие на улица, да ја уништи сета нивна сопственост, па дури и да ги уапси доколку три пати во рок од 90 дена го прекршат законот.
Оваа забрана наиде на критики и напади од групите за заштита на човековите права. Тие ја нарекуваат сурова и нехумана, но од унгарската влада одговорија дека државата издвоила 32 милиони долари за грижа за бездомниците со цел да се зголеми капацитетот на засолништата.
Сепак, многумина критикуваат дека на овој начин земјата ги напаѓа и ги казнува луѓето токму тогаш кога се на дното. Во Европа се зголемува бројот на бездомници. Во Германија, на пример, бројот на бездомници се зголемил за 150% од 2014 до 2016 година. Во Холандија, пак, има 4.000 бездомни деца, а во Франција изминатата година бројот на бездомници се зголемил за 17%.
Hungary has just banned homeless people from sleeping on the street
Is it the right thing to do? Read more: https://wef.ch/2OzHWiu
Posted by World Economic Forum on Недела, 21 октомври 2018