„Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија

- Advertisement -

Компанијата „Виолета” го разубави и оплемени просторот за родилките и бебињата на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Со поддршка од „Виолета” набавени се 16 нови креветчиња за бебиња, постелнина за сите кревети, собите се обоени во виолетова боја, бебињата добија облека, а мајките – ноќници. Тоа е овозможено преку проектот „Создаваме заедно” кој „Виолета” го работеше заедно со ГАК.

- Advertisement -

„Во овој проект влеговме со желба дополнително да ја разубавиме првата средба меѓу мајката и бебето и на тој начин да го прославиме новиот живот. Децата се нашата иднина и затоа сите компании и институции кои планираат опстанок на овие простори би требало да дадат свој придонес“, соопштија од „Виолета”.

На претставувањето на проектот присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче и амбасадорката на БиХ во Македонија, Лепа Бабиќ.

- Advertisement -

Како што пренесува InStore.mk, претходно „Виолета” го поддржа и родилиштето во болницата во Охрид, каде што донираше пулсен оксиметар, како и родилиштето во Струга, кое ќе биде побогато за неколку детски креветчиња.

Сподели!
- Advertisement -