Huawei Mate20 Pro отсега е достапен и во Македонски Телеком

- Advertisement -

Новиот Huawei Mate20 Pro, еден од најочекуваните паметни телефони за годинава од вчера ексклузивно е достапен во портфолиото на Македонски Телеком. Oвој телефон којшто e дел од Huawei Mate20 серијата, дизајниран со својата досега најмоќна и софистицирана технологија во индустријата го отелотворува врвот на иновациите. Huawei како компанија со новиот модел Mate20 Pro, дефинитивно постави повисоко ниво со кое ќе се мерат сите паметни телефони во 2018 година.

“Huawei постојано ја подобрува својата позиција на локалните пазари, а нашиот тим вложува максимални напори да им обезбеди извонредни производи на корисниците. Македонскиот пазар е еден од првите во Европа каде што продажбата започнува за помалку од една недела од почетокот на продажбата на глобално ниво. Секогаш ги слушаме желбите на нашите корисници”, изјави Лонгруи Циу – Џефри, извршен менаџер за смарт телефони за Бугарија и Македонија од Huawei, на јавната промоција на новиот Huawei Mate20 Pro телефон којашто се одржа во просториите на Македонски Телеком.

- Advertisement -

Ексклузивното промовирање на револуционерниот Huawei Mate20 Pro беше замислено како патување во иднината, а предностите на телефонот беа доловени, благодарејќи на острото око на фотографот Дарко Мораитов. Музичкиот маг Емин Џијан и диџејот Томи Бојаџи организираа музичкa импровизирачка работилница, додека Мораитов ги овековечуваше моментите со напредната Leica камера чијашто технологија го краси Huawei Mate 20 Pro, која е воедно носител на неговиот спeцифичен карактер.

Новиот Huawei Mate20 Pro телефонот поседува Matrix Camera која го вклучува Leica Ultra Wide Angle објективот којшто им овозможува на корисниците не само да гледаат пошироко, туку и поблиску од својата способност за макро растојание. Системот на матриксни камери го усвојува иконичниот дизајн на четири-точки, давајќи му на уредот препознатливост дури и на далечина. Телефонот користи оперативен систем EMUI 9 базиран на Android P, на кој потрошувачите можат лесно и удобно да ги уживаат сите функции за продуктивност и забава со неколку едноставни допири.

- Advertisement -

Уште една од интересните карактеристики на Huawei Mate20 Pro е 3D отклучувањето со препознавање лик. Користејќи го 3D системот за мерење кој се наоѓа на предната страна, уредот може точно да ги прочита карактеристиките на лицето и да препознае дури и мали детали.

И на крајот, една од главните карактеристики е што Huawei Mate20 Pro поддржува 15W HUAWEI безжична брзина, што претставува најбрзо решение за безжично полнење во индустријата и Wireless Reverse Charge, што му овозможува на уредот да работи како моќна банка за избрани електронски уреди што поддржуваат безжично полнење.

- Advertisement -

Повеќе информации за новиот Huawei Mate20 Pro телефон можат да се најдат на веб страницата на Mакедoнски Tелеком www.telekom.mk, во Телеком продавниците или пак, во Контакт центарот на 122 или 120.

Сподели!
- Advertisement -