Светска премиера на новиот T-Cross: Запознајте го новиот член на семејството Volkswagen

- Advertisement -

Со светска премиера во Амстердам, Шангај и Сао Паоло, Volkswagen го претстави својот нов T-Cross, а со тоа решително ја продолжува SUV офанзивата што ја започна во 2015 година.

Овој комплетно нов модел наскоро ќе ги маѓепса пазарите на три континенти и ќе ги освежи со комбинација на стил, практичност, флексибилност и економичност, додека во истовреме ќе постави нови стандарди за својата класа. Оттука, моделот на урбан кросовер се покажува како идеален придружник во секојдневниот живот.

- Advertisement -

 

Со T-Cross, Volkswagen воведува уште еден нов SUV модел кој е одлично погоден за урбаната џунгла, а во исто време и значително компактен и практичен. Ралф Брандштатер, главен оперативен директор на Volkswagen, истакна на светската премиера во Амстердам: „Денес ние три пати го прикажуваме Т-Cross – го откривме пред неколку часа во Шангај, а Сао Паоло ќе следува подоцна вечерва . Тоа покажува колку е важно T-Cross да го претставува брендот Volkswagen како вистински глобален производ“.

- Advertisement -

Брандштатер го претстави новиот T-Cross заедно со Кара Делавињ, британскиот супермодел, актерка, музичар и амбасадор на T-Cross. Кара, која има 41 милион следбеници на Instagram, рече: „Јас постојано патувам, така што работата со Volkwagen, најголемиот производител на автомобили во светот, е совршено партнерство за мене. T-Cross е повеќе од градски SUV – има повеќе аспекти, како мене!, И јас го обожавам колку е стилски и кул!“

Т- Cross е базиран врз модуларната попречна матрица MQB, која овозможува предната оска да се позиционира многу понапред. Со вкупна должина од 4,11 метри, меѓуоскино растојание од 2,56 метри, кое овозможува пространа внатрешност со доволно простор за пет лица. За најголема можна разновидност во внатрешноста, лизгачката задна клупа може да се прилагоди и помести за 14 сантиметри, овозможувајќи простор за нозете на патниците или повеќе простор за багаж. Багажниот простор располага со 385 или 455 литри. Благодарение на задното седиште што се преклопува целосно или делумно, со едно трепкање на очите можете да создадете комплетно рамен под за лесно товарење на вашиот багаж со волумен до максимални 1,281 литри.

- Advertisement -

Новиот T-Cross нуди избор од четири мотори со турбо мотор: три бензински и еден дизел. Двата 1.0 TSI трицилиндрични бензински мотори генерираат 70 kW/95 КС и 85 kW/115 КС. На врвот во понудата е 1.5 TSI четири цилиндричен мотор со 110 kW/150 КС. Понудата ја комплетира 1.6-литарски четирицилиндричен дизел мотор со 70 kW/95 КС. Сите мотори се во согласност со најновиот Euro 6d-TEMP стандард за емисии.

Стандардна опрема за новиот T-Cross вклучува бројни системи за помош на возачот кои претходно биле резервирани за повисоките класи на возила. Заедно со извонредните карактеристики на безбедност на возилото и извонредната заштита на патниците, тие ја зголемуваат сигурноста, го намалуваат ризикот од судир и ја подобруваат удобноста при возење.

Веќе како стандардна опрема вклучени се системот за следење пешаци (Pedestrian Monitoring), системот за итно сопирање во град (City Emergency Braking System), помош за одржување на коловозна лента (Lane Assist), систем за помош при тргнување на нагорнини (Hill Start Assist), проактивен систем за заштита на патниците и систем за помош при промена на лентата со интегриран систем за предупредување за сообраќајот кој доаѓа одзади. Исто така достапни како опции се системот за предупредување за возачот (Driver Alert System), автоматски адаптивен темпомат и асистент за паркирање.

Новиот T-Cross обезбедува највисоко ниво на мрежно поврзување и поврзување со надворешниот свет, а самото користење на системите е мошне едноставно и интуитивно. Паметните телефони можат да се полнат индуктивно, а до четири USB-порти обезбедуваат одлични дигитални погодности.

Сподели!
- Advertisement -