Првиот портрет насликан од вештачка интелигенција беше продаден за 430 илјади долари

- Advertisement -

Аукциската куќа Christie’s продаде слика со наслов „Портрет на Едмонд Белами“ („Portrait of Edmond Belamy“) за 432.500 долари, иако беше проценета на само 10.000 долари. Портретот настана под супервизија на уметник од парискиот уметнички колектив Obvious, но самото сликање го направи Generative Adversarial Network (GEN), односно програма за вештачка интелигенција која користи машинско учење при изработка на оригинална уметност.

Вештачката интелигенција ги споредуваше своите портрети со тие насликани од луѓе и работеше на нив се додека не можеше да ги разликува, по што настана портретот на Едмонд Белами, чие лице, всушност, не постои, но се базира на апроксимација и агрегација на стотина илјади човечки лица кои неуралната мрежа ги користеше за увежбување. Вештачката интелигенција дури отиде дотаму што го измисли целото семејно стебло на Белами и насика портрет од секој член.

- Advertisement -

Неверојатната цена која ја достигна сликата на аукцијата изненади многу ликовни критичари, кои велат дека за 400.000 долари е продаден само примерок од грдиот портрет, додека некои сметаат дека ова е уникатен уметнички предмет затоа што настанал со синергија на сликарскиот колектив Obvious и вештачка интелигенција. Најголем дел од критичарите го делат мислењето дека сликата е продадена за толкава сума само затоа што е прва од тој тип, додека идните можат да постигнат цена помала од една слика од уличните портретисти.

Сподели!
- Advertisement -