Подгответе се за годишни одмори во облаците на Венера

- Advertisement -

Често не сме свесни дека најблиската планета до Земјата не е Марс, туку Венера, односно светлечко тело кое на ноќното небо секогаш свети најсилно после Месечината. Венера често ја нарекуваат злобна близначка на Земјата затоа што на нејзиното тло не би поминале добро како поради големиот атмосферски притисок така и поради температурата од 454 C, а не би ви годел ни дождот од сулфурна киселина кој паѓа од сребрените облаци.

Но, додека на површината на Венера е вистински пекол, на висина од над 50 км од површината е друга приказна, затоа што температурата е пријатна и притисокот е сличен на Земјата, па теоретски, би можеле да преживеете во тенок вселенски костим, кој не мора да биде под притисок и да носите едноставна боца со воздух за дишење.

- Advertisement -

Токму на тоа НАСА го базира концептот на мисијата HAVOC (High-Altitude Venus Operational Concept) и развива планови за конкретни мисии во кои на Венера најрпвин ќе испрати летало слично на цепелин во кое екипажот ќе може да живее неколку месеци над врвовите на облаците на Венера, а на крајот ќе направи т.н. воздушна колонија со долгорочни атмосферски населби и колонизација.

Од НАСА велат дека патувањето до Венера би траело пократко отколку до Марс, што е голем плус во логистичка смисла, а во градовите во облаци научниците бо можеле да истражуваат многу работи, вклучувајќи ја и можноста за пронаоѓање микробиолошки живот кој може да се најде и во високата атмосфера на Земјата. Засега не е познато кога ќе почне реализацијата на HAVOC.

Сподели!
- Advertisement -