Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на дериватите. Според новиот ценовник, што ќе стапи во сила од ноќеска, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,50 ден и изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден и изнесува 71,50 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,50 ден и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 денари за килограм и тој сега ќе се продава по цена од 37,414 денари за килограм
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатот 14-дневен приод и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.