Vip лансира четбот базиран на вештачка интелигенција – „Славчо”е првиот четбот кој разбира и пишува македонски

- Advertisement -

Телекомуникацискaта компанија Vip оди чекор напред со воведувањето нова алатка за унапредување на корисничкото искуство и со гордост го претставува „Славчо” – најновата технолошка иновација на македонскиот телекомуникациски пазар, виртуелен експерт кој е базиран на вештачка интелигенција, дизајниран да понуди помош на корисниците во изборот на нов смартфон од понудата на Vip.

„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик притоа разбирајќи кирилица и латиница. Со лансирањето на овој четбот Vip ја потврдува својата определба да обезбеди наједноставен и најлесен начин за избор на смартфон бидејќи главната цел на “Славчо” е да им помогне на корисниците при избор во процесот на купување на нов телефон од понудата на Vip и оваа активност да ја претвори во пријатно и забавно искуство”, изјави Мислав Галер, Извршен директор на Vip.

- Advertisement -

Советникот преку водење на кратка чет конверзација со корисникот, ќе се обиде да дознае кои се неговите потреби, навики и што најмногу вреднува кај еден телефон, по што ќе му препорача неколку телефони кои би ги задоволиле потребите на корисникот, како што тоа би го сторил и реален експерт.

За да им помогне на корисниците да ја донесат конечната одлука, „Славчо” исто така обезбедува линкови до релевантни извори како што се прегледи, фотографии и видеа за смартфони од најпознатите светски канали за телефоните кои се во финалната листа избрана од страна на корисникот.

- Advertisement -

Настрана од ова, корисникот исто така ќе добива одговори на најчесто поставувани прашања во врска со услугите на Vip како и решенија на можните технички проблеми.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.

- Advertisement -

За да се допишуваат со „Славчо” корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат на  www.sakamtelefon.mk и да ги добијат саканите информации.

Сподели!
- Advertisement -