Кинески истражувачи направија робот кој менува форми

- Advertisement -

Роботите направени од течен метал можат да ја менуваат формата и само да си ги поправаат повредите, исто како андроидите од филмовите. Овие роботи наскоро може да станат реалност. Истражувачи во Кина направија прототип на робот со големина на една шака инспириран од роботот T-1000 од филмовите. Малиот робот кој може да ја менува формата може да се користи за пристапување до места како што се зоните погодени од катастрофи каде што не можат да допрат луѓето или роботите со фиксна форма.

Прототипот го направи тим од Универзитетот за наука и технологија и Универзитетот Волонгонг во Австралија. Составен е од мало пластично тркало, литиумска батерија и капки галиум, односно мел сребреникав метал. Според истражувачите, легурите од течен метал се одлични за меки роботи поради проводливоста, контролираниот напон на површината и флексибилноста. Може да најдат примена во повеќе области – од воена до медицинска. На пример, може да се користат за транспорт на лекарства директно до клетките на туморите.

- Advertisement -

„Во иднина очекуваме да развиеме уште посовршени меки роботи со употреба на течни метали кои ќе се користат за специјални цели како потрага по жртви од земјотреси бидејќи ќе можат да се протнат под врати или други места каде што не мож да поминат луѓето. Мислиме дека течните метални легури можат да помогнат за развој на роботи кои можат да ја менуваат својата форма“ велат од Универзитетот Волонгонг.

Прототипот на минијатурниот робот е направен од капки течен метал поставени во цевка која ја менува формата во зависност од волтажата на која се изложува.

Сподели!
- Advertisement -