„Брилијант“ на Витаминка со поддршка за серијата „Преспав“

- Advertisement -

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија „Преспав“ продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење „Брилијант“ како еден од реквизитите во ситком-от. „Брилијант“ како и другите производи од „Светот на вкусовите“ на Витаминка стана дел од оваа хумористична екранизација на македонскиот живот и ќе се испреплети со приказната, ситуациите и животите на јунаците од серијата.

За истата цел, компанијата сними и рекламно видео кое е дел од новата кампања на „Брилијант“ и каде се вклучени дел од актерската екипа на серијата: Ула (Тијана Дапчевиќ), Марио (Васил Зафирчев), Талат (Дритон Вејсели) и Коста (Игор Ангелов).

- Advertisement -

Рекламата се снимаше во студио на МТВ, каде што се снима и новата сезона на „Преспав“. Креативниот и тимот кој беше задолжен за реализацијата е составен од Вардан Тозија како режисер, Дејан Димески како директор на фотографија, а е во продукција на Идеа Плус.

Витаминка го поддржува снимањето на серијата „Преспав“ уште од самиот почеток и на тој начин го помага развојот на современата македонска ТВ продукција.

Сподели!
- Advertisement -